Трајковски: Би сакал да не потценат, но овој пат нема да биде исто како во Палермо

199

Македонската фудбалска репрезентација продолжува со засилени подготовки за дуелот со Италија. Репрезентативците под водство на селекторот Милевски во Скопје подготуваат стратегија за „аѕурите“. Човекот кој со гол ја елиминира Италија од учество на СП во Катар, Александар Трајковски, за очекувањата од дулот в сабота во Скопје вели:

„За нас секој натпревар е многу важен. Мечот со Италија е еден од потешките. Знаеме против кого играме и доволно сме мотивирани. Покажавме дека можеме, зошто тоа да не го направиме и на домашен терен. Треба да бидеме максимално фокусирани и со поддршка од навивачите да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Италијанците на некој начин ќе сакаат да се реваншираат за поразот од Палермо, би сакал да не потценат, но знам дека овој пат нема да биде исто“.

ПретходноВардар се засилува со младински репрезентативец на Србија
СледноОдбојкарите денеска против Чешка: Со победа да тргнеме за Бари