Јунајтед сериозно размислува дa го суспендира Aнтони

668

Бразилецот има големи проблеми во својата таттковина Бразил по повод обвинувањата за семејно насилство, па клубот од Олд Трафорд сериозно размислува Aнтони да биде одстранет од тимот.

Бразилскиот суд во моментов ги разгледува обвинувањата кои се покренати против Aнтони, за што постојат и аудио снимки, па доколку истите бидат потврдени, тогаш Aнтони ќе биде суден.

Јунајтед од друга страна веќе мина низ еден ваков процес во кој Мејсон Гринвуд цела година беше суспендиран, а на крајот испратен во Гетафе. Иако против него воопшто и не беше покренато обвинение, сепак, репутацијата на клубот е неприкосновена и таа не смее да биде загрозена.

Токму затоа Aнтони можно е во следниот период да не се појави во дресот на Манчестер Јунајтед.

 

Претходно„Врие“ во Минхен на линија Баерн – Тухел
СледноВалмир Нафиу ќе игра за Гњилане