Женскиот македонски фудбалски шампион, тимот на ЖФК Љуботен загуби со 9:0 против кипарски Аполон на квалификацискиот турнир за Лигата на Шампионите.
Нашиот претставник немаше никакви шанси на овој дуел, и прими гол уште во втората минута, а до полувреме уште четири.
Противникот до крајот само рутински доигра и погоди уште четирипати во мрежата на Љуботен.