Глејзерси одлучија, Јунајтед не е на продажба, акциите на клубот рапидно паднаа на вредност

281

Тотален дебакл доживеа процесот на потенцијално купување на тимот на Манестер Јунајтед од страна на нови сопственици. Сегашните, семејството Глејзерс одлучија клубот да го тргнат од пазарот и воопшто да не разгледуваат потенцијално нови понуди.

Пред девет месеци, Глејзерс објавија дека целосната продажба на акциите е меѓу опциите што се разгледуваат како дел од стратешкиот план на клубот од Олд Трафорд.

Катарскиот шеик Џасим и британскиот бизнисмен Сер Џим Ретклиф поднесоа понуди за купување на Манчестер Јунајтед, но тие не беа прифатени и покрај незадоволството на навивачите и нивната желба продажбата да биде финализирана што е можно побрзо. Глејзерси не се прв фаворит за сопственици кај навивачката база тоа е познато, и се чекаше само финализација на процесот.

Сепак, како што пишува Дејли Меил, процесот на продажба е целосно стопиран од сттрана на Глејзерси, кои ќе се обиделе наводно да го продадат клубот во 2025 година.

Поради сето ова, на берзата во Њујорк, акице на Манчестер Јунајтед загубија на вредност во над 600 милиони долари. Откако Њујоршката берза повторно се отвори по празникот Денот на трудот во понеделникот, цената нагло падна од 23,66 долари на 19,35 долари. По падот од 18,22 отсто, пазарната капитализација на клубот на берзата достигна 3,15 милијарди долари. Според британскиот печат, семејството Глејзер се надева дека ќе добие 6 милијарди долари за акциите на клубот.

ПретходноЗалаегерсег го претстави Тодороски
Следно„Врие“ во Минхен на линија Баерн – Тухел