Во последниот ден од преодниот рок, вечерва Работнички се засили со искусниот играч за врска Ермедин Адем (33). Досегашниот фудбалер на Воска Спорт го раскина договорот со охриѓани и се реши да ја прифати понудата на клубот од Градски парк. Се разбира дека стручниот штаб на Работнички со Адем ќе има опција повеќе во средниот ред.
Инаку Адем во својата долга прволигашка кариера има настапувано за Македонија ЃП, Ренова, Шкупи, Милано…