Пандев: Италија сега е поопасна, ми се допаѓа Миовски, жал ми е за Трајковски

1559

Во сабота на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра мечот меѓу Македонија и Италија во квалификациите за ЕП 2024. За претстојниот меч зборуваше и легендата Горан Пандев. Тој за „Кориере дело спорт“ ги кажа очекувањата и посочи четворица фудбалери кои ја одбележуваат денешната македонска селекција.
„Барди, кој сега е во Трабзонспор, ќе биде капитен. Елмас знае да блесне, добро го познавате. Многу ми се допаѓа Миовски, кој одлично играа во Шкотска. Тука е и Трајковски, кој за жал се уште е без клуб и самостојно тренира“, прокоментира Пандев.

За селекцијата на Италија…
Манчини направи добри работи, а сега со Спалети италијанскиот тим очекува рестарт и да оди во нова насока. Остануваат некои нејаснотии, како на пример си замина во лошо време на сред квалификации. Но Италија направи добар избор. Ми се чини дека Спалети е вистинскиот човек на чело на националниот тим. Го познавам, тој е прекрасна личност. Со него Италија ќе биде поопасна. Тоа што го направи со Наполи е фантастично. Среќен сум за освојувањето на Скудетото, за навивачите и за градот во кој се уште имам многу пријатели, вклучувајќи го и Елмас“, додаде Гранде Пандев.

ПретходноКога Столе зборува: Легендата на Вардар ја превзема диригентската палка (ВИДЕО)
СледноПСЖ не ги пријави Екитике и Верати за ЛШ