Исник Алими ново име во А репрезентацијата на Македонија

1316

Исник Алими, фудбалер од средниот ред на романски Сепси е нов фудбалер во А репрезентацијата на Македонија. Селекторот, Благоја Милевски одлучи да го повика дополнително поранешниот фудбалер на италијанските Аталанта, Виченца, Шибеник од Хрватска и азербејџански Габала.

Тој денеска ќе се стави на располагање на нашиот најдобар национален тим, првиот тренинг ќе го одработи во 18:30 часот.

„Алими бележи одлични игри во романското првенство со Сепси. Неговото искуство и формата во која се наоѓа може само да ја зголеми конкуренцијата во нашиот тим и да ни донесе дополнителен квалитет“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Алими е стандарден фудбалер на романскиот Сепси и со одличните настапи за својот клуб се наметна како профил на играч кој може да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред од нашата репрезентација.
Во минатото, Алими настапуваше на официјални квалификациски турнири за младинските репрезентации на Македонија до 17 и 19 години.

ПретходноВо ист ден на два различни фронта Македонија ќе ја „напаѓа“ Италија
СледноИ Џон Тери се сели во Саудиска Арабија