“Ранетата“ Литванија, по оној убедлив пораз од Србија во четвртфиналето на СП брзо се“врати“ и успеа денеска во полуфиналето во битката за пласман од 5. До 8.место да слави со Словенија на Лука Дончиќ со 100:84.
Со оваа победа селекцијата на Литванија си закажа меч за 5.место со Летонија, додека за 7.место ќе играат Италија и Словенија.
Во текот на целиот меч Литванците беа тие кои ги контролираа настаните на теренот. Знаеја што сакаат, веројатно беа и помотивирани од Словенците.
Најефикасни на средбата беа Лука Дончиќ со 29 поени кај Словенците, додека кај победничкиот состав Валанчиунас реализираше 24 поени.