На Мудрик му забранија да оди во теретана

1122

Еден од најквалитетните млади фудбалери на светот, Михаило Мудрик во моментов членот на Челзи, има големи проблеми да се прилагоди на новата средина. Играњето во Шахтјор и Украина наспротив играњето во Челзи и Премиер лигата се две различни нешта, па Мудрик ни оддалеку не покажува тоа што треба. Навикнувањето на врвен фудбал за него е проблем, особено во физичкиот дел, каде што дефанзивците во Премиер лигата се неприкосновени.
Па така, Мудрик доста време минува во теретана, што очигледно им пречи на неговите претпоставени.

„Челзи бара од Мудрик да намали со теретаната, затоа што се смета дека претерува во моментов и дека не е добро за него. Ќе биде интересно да се види како украинецот ќе реагира на ова“ – вели анонимен извор за „Атлетик“, кој е добро упатен во збиднувањата на Стемпорд Бриџ.

 

 

ПретходноБолната вистината за Шумахер после 3.500 дена од несреќата
СледноСудиска анализа 6. коло ПМФЛ: Работнички оштетен во Струмица, а Силекс во Гостивар