Одработен последниот тренинг: Надежите со позитивни мисли го очекуваат утрешниот меч со Шведска! (ФОТО)

318

Попладнево во Јончепинг нашата репрезентација до 21.година го одработи последниот тренинг пред утрешниот меч со Шведска. Како што дознаваме во нашиот табор атмосферата е одлична, работна, се верува во себе и во своите квалитети. Мислите се позитивни, секакодека треба да се даде максимумот за да се дојде до добар реузлтат на стартот од новиот квалификациски циклус за ЕП 2025 за селекции до 21.година.

Селекторот Драган Канатларовски нема проблеми, сите играчи што се во Јончепинг се ОК, така да Македонија утре против Шведска ќе го започне мечот со најдобрите во овој момент, на тие што Цапар може да смета.

No description available.

No description available.

ПретходноНесторовски: Италија посакува одмазда, под притисок се гледаат јунаците!
СледноТолку беше: Давид Тошевски и Ростов го раскинаа договорот!