Германската репрезентација е во полуфиналето и тоа им е најважно, но загрижувачки е натпреварот кој го одигра Денис Шрудер, кој не блескаше. Неговите бројките беа очајни, шутираше 0 од 8 за три, имаше 4/26 од поле, беше во длабок минус по индекс и покрај тоа што постигна девет поени.
Покрај тоа што сигурно не му беше сееедно за ваквата игра, го изнервира и новинарското прашање по натпреварот.
„Игравте лошо, да очекуваме дека ќе надокнадите на следниот натпревар?“, беше прашањето на новинарот, по што Шрудер беше изненаден и побара од новинарот да го повтори прашањето.
„Мојата лоша игра? Правам се што е потребно за тимот да победи и истото го направив вечерва и последните неколку натпревари. Ќе биде забавно во петок. Ви благодарам и збогум!“ рече тој.