Убава вест пред се за него и неговото семејство, а потоа и за репрезентацијата и неговиот Барнли. Дарко Чурлинов полека, но сигурно закрепнува од болеста која кога мачеше долго време. Па така тој денеска попладнеги посети своите репрезентативни другари на тренингот кои тие го имаа попладнево на тренинг центарот на ФФМ во пресрет на саботниот дуел со Италија.
Дарко имаше разговор со селекторот Благоја Милевски кој не го криеше своето воодушевување дека нашиот репрезентативец е добар и дека наскоро повторно ќе игра за репрезентацијата.