Иако веќе требаше да биде готово околу враќањето на Аријан Адеми во Динамо,токму затоа тој ги напушти подготовките на нашата репрезентација и замина за Загреб, сепак засега нема ништо од договор. Како што известуваат медиумите во Хрватска, Адеми е нервозен, исто и во Динамо се гневни.Имено сега Кинезите бараат дополни услови за да го пуштат да се врати во Динамо. Се бараат разни бонуси иако утринава било се договорено.
Инаку во “игра“ уште е и Трабзонспор, но ретко кој верува дека Адеми би заминал во Турција. После Пекинг Гуан, тој сака да се врати дома.