Дончиќ: Сите нè тепаат по целиот терен, а ние играме премногу млако

304

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ не можеше да се помири со поразот во четвртфиналето на Светското првенство.

“Не треба да ни биде тешко. Ние сме во Топ 8. Навистина не разбирам зошто би било катастрофа. Се обидовме, но не успеавме”, изјави Дончиќ, по денешниот пораз од Литванија во разигрувањето за пласман од 5. до 8. место.

Словенија со победа над Италија во последниот меч би можела да го постигне најдобриот пласман на светските првенства во својата историја – 7. место.

„Не спиев многу по поразот од Канада. Тоа е многу свежо. Чудни чувства се уште се присутни. Едноставно сме премногу слаби. Играме премногу млако, никого не удираме. Сите нè тепаат, по целиот терен. Тоа се гледа, а ние играме премногу слабо“, заклучи Дончиќ .

ПретходноАнри дебитираше како селектор на Франција со победа над Данска
СледноМарко Митровиќ ќе биде селектор на САД на ОИ во во Париз