Фудбалската селекција на Србија загуби од Унгарија во квалификацискиот натпревар за Европското првенство во белград со 1:2. Натпреварот започна на најдобар можен начин за Србија, која веќе имаше резултатска предност по воведните десет минути со автоголот на Салаи, но потоа следуваше шок за само неколку минути.
Најпрво во 34. минута Варга израмни по една одбиена топка, а две минути подоцна одбраната на домаќините повторно реагираше слабо, па Орбан ја сврте топката во голот за целосен пресврт, кој на крајот се покажа и како конечен резултат на мечот.
Франција ја совлада Република Ирска со 2:0, додека Холандија со 3:0 ја совладаа Грција. Французите поведоа против Ирците преку Чуамени во 19. Минута, па предноста ја удвои Маркус Тирам, кој влезе на местото на Жиру. Новиот фудбалер на Интер погоди во 48. минута.
Данска го победи Сан Марино во Копенхаген со 4:0, а Словенија ја совлада Северна Ирска во Љубљана со 4:2.
Полска се намачи со Фарските Острови и со два гола во вториот дел стигна до 2:0. Албанија, пак, продолжи со добри настапи, освојувајќи бод против Чешка играјќи 1:1. Черни во 56. минута постигна гол за 1:0 за домашните, додека 10 минути подоцна со извонреден удар на Бајрами од далечина, Албанија дојде до 1:1.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024
ГРУПА Б
Франција – Р. Ирска 2:0
Холандија – Грција 3:0
ГРУПА Е
Чешка – Албанија 1:1
Полска – Фарски Острови 2:0
ГРУПА Г
Литванија – Црна Гора 2:2
Србија – Унгарија 1:2
ГРУПА Х
Казахстан – Финска 0:1
Данска – Сан Марино 4:0
Словенија – С. Ирска 4:2