Вецлар и Филип Кузмановски го претрпеа и третиот пораз на стартот на новата сезона во германската Бундеслига.
Вечерва на домашен терен, Вецлар загуби од екипата на Лемго со 24:27 и со тоа остана закован на дното на табелата, без освоен бод од почетокот на новата сезона.
Кузмановски вечерва постигна само еден гол од три обиди.