Лина со пласман во четвртфиналето во Виена, Стоилковска поразена во Србија!

78

Лина Ѓорческа продолжува со своите одлични настапи на турнирот во Виена.Нашата најдобра тенисерка денеска успеа со 2:1во сетови да ја победи Ромеро – Гормаз од Шпанија и со тоа да се пласира во следната фаза, во четвртфиналето. Лина првиот сет го доби со 6:1, потоа во вториот сет беше 1:6 за противничката за да во решавачкиот сет Лина беше одлична и го доби со 7:5 за вкупно 2:1.

Магдалена Стоилковска беше поразена на турнирот во Куршумлиска бања во Србија и тоа од Катерина Лазаренка од Украина во меч од 2.коло и тоа со 6:7  и 4:6. Вреди да се напомене некоректниот потег на Укранката која земала медицински тајмаут кога Стоилковска била во налет.

ПретходноДијамантот се потсетува: Џани не сакаше да ме прими во соба, а Нестор ме зафркаваше пред дебито со Шпанија!
СледноМу предвидуваа дека ќе биде најдобар во светот, сега е пред потпис со Ал Етифак!