Младиот српски стратег Марко Митровиќ, кој инаку долго време е помошник на Вељко Пауновиќ, е назначен за селектор на Олимписката фудбалска селекција на САД која што ќе биде дел од Игрите во Париз во 2024 година.
Тој долго време е во САД, и ја развива својата тренерска кариера, а сега му е дадена исклучително важна и одговорна функција. Се знае дека САД многу полагаат во екипните спортови на Олимписките игри, и токму затоа Митровиќ е поставен.
Митровиќ веќе одлично ја изврши задачата на селектор на САД до 19.години, а сега оди скалило погоре.