Потврдени термините за осминафиналето: Утре во Варна почнува битката за медали

178

Ден по завршувањето на натпреварите по групи на 33. Европско првенство во одбојка во машка конкуренција, познати се комплетните двојки и термини на одигрување на осминафиналните натпревари. Македонија, како што веќе објавивме, осминафиналниот дуел со европскиот и светски шампион Италија ќе го одигра в сабота во Бари.

Осминафиналните дуели, сепак, стартуваат уште утре, со првите две пресметки во Варна, Бугарија. Честа да ја отворат нокаут-фазата утре ќе ја имаат селекциите на Хрватска и Романија.

Во продолжение комплетниот распоред за осминафиналните дуели:

8 СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК)

17.30 Хрватска – Романија

20.30 Франција – Бугарија

9 СЕПТЕМВРИ (САБОТА)

17.30 Словенија – Турција

18.00 Италија – Македонија

20.30 Португалија – Украина

21.00 Холандија – Германија

10 СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00 Србија – Чешка

21.00 Полска – Белгија

 

ПретходноЧурлинов ги посети своите репрезентативни другари на попладневниот тренинг! (ФОТО)
СледноЦрногорците направија пресврт, но на крајот не победија (ВИДЕО)