Амбициозниот женски прволигашки тим, Струмица, донесе две интернационалки како големи засилувања во тимот за следната сезона. Струмичанки на голема врата се враќаат во битка за шампионската титула, па за таа цел летово беа исклучително ангажирани на трансфер пазарот.
Како што потврдија од клубот, нови имиња во дресот на струмичанки се српските интернационалки Александра Шчекиќ и Ана Поповиќ. И двете во Струмица се селат од екипата на ОК Албатрос од Херцег Нови.
Поповиќ ќе биде засилување на техничарската позиција, додека Шчекиќ доаѓа како засилување на блокерската позиција.