Талески и Бенфика тргнаа со пораз

504

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески со пораз ја започна својата авантура во дресот на на Бенфика. Неговиот тим беше поразен во дерби дуелот од Спортинг Лисабон со 31-26 во рамките на првото коло во тамошниот шампионат.

Бенфика по првото полувреме имаше негатива од три гола, која не успеа да ја надокнати.

Македонскиот репрезентативец на успеа да се запише во листата на стрелци. Кај Спортинг 23 од 32-та гола за Спортинг ги постигнаа браќата Кошта. Мартим имаше 15 гола, додека Кико осум.

Во составот на Бенфика пак Петар Ѓорѓиќ имаше осум погодоци.

ПретходноИ Џон Тери се сели во Саудиска Арабија
СледноПоради очајната состојба на теренот, Италија само ќе има прошетка на Арената (ФОТО)