Толку беше: Давид Тошевски и Ростов го раскинаа договорот!

1150

И официјално Давид Тошевски, некогаш големата надеж на мак-фудбалот, не е веќе член на Ростов. Како што објавија од страна на рускиот клуб, Ростов и Тошевски го раскинале договорот и сега тој може да оди каде сака.

Да потсетиме дека Тошевски во јули 2020 година, тогаш за 1 милион евра, направи трансфер од Работнички во Ростов. Се предвидуваше негова блескава кариера, но ништо од тоа. За овие три години младинскиот репрзентативец кој сега има 22 години, не се наигра многу. Веќе далеку е од таа потребна форма, во неколку наврати беше праќан и на позајмица, но бадијала.

Сега тој треба да одбере клуб каде што може да напредува, само да не се направи грешка како во таа 2020 година.

ПретходноОдработен последниот тренинг: Надежите со позитивни мисли го очекуваат утрешниот меч со Шведска! (ФОТО)
СледноЧурлинов ги посети своите репрезентативни другари на попладневниот тренинг! (ФОТО)