У17: Реми на првиот тест со Косово

299

Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Косово.

Во еден интересен натпревар, полн со возбудувања и отворена игра на двете репрезентации, избраниците на селекторот Дашмир Беари одиграа нерешено 1:1.

По едно полувреме им припадна на двете селекции. Косово поведе со 1:0 во 31. минута од натпреварот.

Во 73 минута од средбата, Македонија успеа да го израмни резултатот. Албион Муслиу стрелаше за нашата репрезентација и ги постави конечните 1:1.

Овие две селекции утре во 11. часот ќе го одиграат вториот контролен меч.

Македонија: Давид Илоски, Игор Ристов, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Хисар Али, Каменчно Андоновски, Стефан Младеновски, Марко Киш, Албион Муслиу, Адмир Латифи;

Резерви: Здравко Перески, Беркај Шаини, Онур Бесир, Никола Ангелов, Милош Спасовски, Флорим Далипи, Златко Радевски, Еранд Зиба, Ариф Локу;

Селектор: Дашмир Беари;

ПретходноЦрногорците направија пресврт, но на крајот не победија (ВИДЕО)
СледноКузмановски со еден гол во најновиот пораз на Вецлар