Федерер без дилеми: Би се обложил на Ѓоковиќ, тоа е зицер!

239

Вториот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ без многу мака стигна до полуфиналето на УС Опен, а таму ќе игра против Американецот Бен Шелтон, 47. тенисер во светот стана вистинска сензација во Њујорк оваа година.

За турнирот за Sports Illustrated проговори и Роџер Федерер, поранешниот тенисер број еден во светот, кој изјави дека за него нема дилема дека Ѓоковиќ ќе го освои УС Опен.

“Би се обложил на Новак Ѓоковиќ. Тоа е „зицер“, сигурен облог”, изјави Федерер, кој пред турнирот предвиде дека Ига Швојнтек ќе победи на Грен слем во женска конкуренција, но промаши. Таа беше елиминирана во понеделникот, кога беше исфрлена од Јелена Остапенко.

Федерер престана да игра тенис пред една година. Тој и Ѓоковиќ беа жестоки ривали, Швајцарецот своевремено беше тенисер со најмногу освоени Грен слем титули, но Ѓоковиќ ги претекна него и Надал.

ПретходноРамос се расплака како мало дете (ВИДЕО)
СледноВо ист ден на два различни фронта Македонија ќе ја „напаѓа“ Италија