Поранешниот одбранбен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Фил Џонс се врати на „Олд Трафорд“. По 12 години во Јунајтед, 31-годишниот бек го напушти клубот по завршувањето на сезоната откако му истече договорот.
Но сега се врати во клубот меѓутоа не како играч туку ќе ги посетува младинските категории во академијата. Клубот им овозможува на младите фудбалери да работат со поранешни фудбалери на клубот.
Џонс е слободен фудбалер и може да оди во било кој клуб, но засега нема интерес за него.