Француска судиска тројка ќе ни суди против Италија

145

УЕФА вечерва ги промени судиите за саботниот дуел меѓу Македонија и Италија во рамките на квалификациите за ЕП 2024. Иако беше најавен Германецот Феликс Цвајер, сепак на центарот во Скопје ќе имаме француска судиска тројка.

Главен судија на мечот ќе биде Франсоа Летисие, а ќе му асистираат неговите сонародници Закрани и Рамуни. Француска ќе биде и поддршката од ВАР собата.

Летесие во 2017 година и судеше на младата репрезентација на Македонија до 21 година на завршницата на ЕП во Полска, кога селектор на оваа репрезентација беше Благоја Милевски. Летисие беше главен на мечот Македонија – Србија кој заврши со резултат 2:2.

ПретходноСтрумица се засили со две српски интернационалки
СледноАнри дебитираше како селектор на Франција со победа над Данска