Михаел Шумахер во декември 2013 година настрада за време на скијање на Алпите. Иако носеше кацига сепак тој при падот удри со главата во камен по што беше ставен во индуцирана кома од која се разбуди во 2014 година. По ова беше префрлен во семејната куќа во Швајцарија, а јавноста во овие десет години има скромни информации околу неговата состојба. Никој не знае точно што се случува со него.
Од време на време ќе излезе по некоја информација за седумкратниот првак во Формула 1. Беноа, пријател на Шумахер не сакаше директно да каже што видел во домот на Михаел, но беше доволно јасен со неговиот одговор.
„На тоа прашање постои само еден одговор, а истиот го даде синот на Шумахер во 2022 година кога рече: Би дал се да можам да разговарам со мојот татко. Оваа реченица говори доволно за состојбата на Шумахер после 3.500 дена по несреќата. Тој е безнадежен случај“.