Во ист ден на два различни фронта Македонија ќе ја „напаѓа“ Италија

318

Македонската одбојкарска репрезентација за кратко време со чартер лет треба ќе отпатува за Бари, каде ќе ја продолжи својата европска бајка. Јошко Миленковски и неговите избраници се пласираа во осминафиналето на Европското првенство, а таму за противник ќе ја имаат селекцијата на Италија.

Она што е доста интересно што во ист ден две наши селекции ќе играат против оваа репрезентација. На 9. септември во Бари со почеток во 18 часот, одбојкарите ќе ги одмерат силите со актуелниот европски и светски првак.

Истиот ден, но во во Скопје на Националната Арена „Тодор Проески“, македонската фудбалска репрезентација ќе ја пречека Италија во рамките на евроквалификациите, овој меч е закажан во 20:45 часот.

 

 

 

ПретходноФедерер без дилеми: Би се обложил на Ѓоковиќ, тоа е зицер!
СледноИсник Алими ново име во А репрезентацијата на Македонија