Дијамантот се потсетува: Џани не сакаше да ме прими во соба, а Нестор ме зафркаваше пред дебито со Шпанија!

1968

Во пресрет на мечот со Италија, Елиф Елмас, нашиот Дијамант, кој на овој меч ќего забележи својот 51.настап за репрезентацијата, за официјалниот Јутјуб канал на ФФМ се потсети на неговите први денови во репрезентацијата.

„Ми беше кажано дека ќе бидам цимер со Алиоски и веднаш се упатив кон собата каде што беше тој. Тропнав на вратата а Џани излезе ме праша: Кој си бре ти? Откако му објаснив ми рече само да бегам од тука. Јас потоа се упатив кон рецепцијата кај менаџментот на репрезентацијата и им реков дека Џани не сака да ме прими во соба. Се разбира дека потоа работата се среди, и јас и Џани бевме цимери“ низ смеа кажува Елмас.

Тој исто така потсети и на зафрканциите кои му ги упатил Несторовски пред дебито со Шпанија во таа 2017 година:

“На првиот ручек со репрезентацијата, мојот прв ден, седнав на масата, таму во ќошот. Тука беа Буба Хасани, Остоја Стјепановиќ, Бесарт Ибраими, Нестор. И Нестор почна да ме зафркава. Ми рече дека против Шпанија ќе трчам како “куче“ по топката.Јас му одговорив дека тие нека трчаат по мене. На ова Нестор беше по малку зачуден…“.

ПретходноЛитванците ја победија Словенија и си закажаа меч за 5.место на СП против Летонија!
СледноЛина со пласман во четвртфиналето во Виена, Стоилковска поразена во Србија!