И Џон Тери се сели во Саудиска Арабија

217

Емиграцијата во Саудиска Арабија продолжува. По бројните фудбалери, најново име кое најверојатно ќе го видиме во тамошниот шампионат е Џон Тери.

Британските медиуми тврдат дека Ал Шабаб веќе два месеци преговара со легендата, а сега веќе е најден заеднички јазик. Тери ги прифатил условите и ќе потпише договор на две сезони. За него ова ќе биде прво тренерско искуство, претходно беше помошник во Астон Вила и Лестер, како и консултант во младинската Академија во Челзи.

Тери тргна по стапките на Стивен Џерард кој го води тимот на Ал-Етифак.

ПретходноИсник Алими ново име во А репрезентацијата на Македонија
СледноТалески и Бенфика тргнаа со пораз