Од таборот на Брегалница информираат дека ангажирале уште две нови имиња. Тоа се Виктор Велковски, со штосе засилува одбраната, како и младиот Глигоров кој доаѓа од португалскиот Интернационал, инаку тој има само19 години и игра во средниот ред. Глигоров се враќа во својот Штип, во својата Брегалница.
Инаку Велковски со своето искуство и квалитет секако дека ќе биде опција повеќе за тренерот Здравков во оваа сезона.