Квалификации за ЕП 2024: Унгарците ја шокираа Србија, Албанија непоразена кај Чешка (ВИДЕО)

549

Фудбалската селекција на Србија загуби од Унгарија во квалификацискиот натпревар за Европското првенство во белград со 1:2. Натпреварот започна на најдобар можен начин за Србија, која веќе имаше резултатска предност по воведните десет минути со автоголот на Салаи, но потоа следуваше шок за само неколку минути.

Најпрво во 34. минута Варга израмни по една одбиена топка, а две минути подоцна одбраната на домаќините повторно реагираше слабо, па Орбан ја сврте топката во голот за целосен пресврт, кој на крајот се покажа и како конечен резултат на мечот.

Франција ја совлада Република Ирска со 2:0, додека Холандија со 3:0 ја совладаа Грција. Французите поведоа против Ирците преку Чуамени во 19. Минута, па предноста ја удвои Маркус Тирам, кој влезе на местото на Жиру. Новиот фудбалер на Интер погоди во 48. минута.

Данска го победи Сан Марино во Копенхаген со 4:0, а Словенија ја совлада Северна Ирска во Љубљана со 4:2.

Полска се намачи со Фарските Острови и со два гола во вториот дел стигна до 2:0. Албанија, пак, продолжи со добри настапи, освојувајќи бод против Чешка играјќи 1:1. Черни во 56. минута постигна гол за 1:0 за домашните, додека 10 минути подоцна со извонреден удар на Бајрами од далечина, Албанија дојде до 1:1.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024

ГРУПА Б

Франција – Р. Ирска  2:0

Холандија – Грција   3:0

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА Е

Чешка – Албанија   1:1

Полска – Фарски Острови   2:0

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА Г

Литванија – Црна Гора  2:2

Србија – Унгарија   1:2

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА Х

Казахстан – Финска  0:1

Данска – Сан Марино   4:0

Словенија – С. Ирска  4:2

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноБекам му дава 230.000 евра месечно, а негова задача е само да го чува Меси! (ВИДЕО)
СледноВан де Бек се подготвува за преселба во Турција