Данил Медведев навидум лесно го победи сонародникот и кумот Андреј Рубљов со 6:4, 6:3, 6:4 во четвртфиналето на УС Опен, за пласман во финалето ќе се бори против актуелниот освојувач Карлос Алкараз.
Русинот е бесен на организаторите на њујоршкиот грен слем. Бидејќи натпреварите се играат во толку доцна фаза, кога ги има малку, а со тоа и доволно термини, тие се играат преку ден и на неподносливи горештини. Тој на дуелот против својот сонародник имаше големи проблеми, едвај дишеше.
Тој е посебно бесе бидејќи ова е втор негов меч во денски термин, температурите се високи, топлината е едноставно неподнослива, тенисерите едвај играат.
Тој испрати порака: Кога ќе умре некој играч, тогаш ќе видат…
Daniil Medvedev on the conditions in his match against Andrey Rublev:
“One player is gonna die. And they’re gonna see.” pic.twitter.com/zQhXWmdGQU
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) September 6, 2023