Николо Барела: Очекувам тежок натпревар во Скопје, за жал веќе сме играле со Македонија, имаме лоши спомени!

100

Николо Барела, играчот за врска на Интер и единствен Италијанец к кој е меѓу номинираните за “Златната топка“, секако и репрезентативец на Италија, денеска на прес конференција покрај другото говореше и за претстојниот дуел со Македонија.

„Очекувам тежок натпревар во Скопје. За жал веќе сме играле со Македонија и имаме лоши спомени, пред се мислам на натпреварот во Палермо. Сите и натаму мислиме дека не заслуживме да бидеме поразени. Имаше и нервоза пред мечот зошто за три дена требаше да играме два бараж меча. И сето тоа се одрази врз нас. Ова не е оправдување, туку кажувам работи кои не натераа да го загубиме фокусот“ посочи Барела потсетувајќи се на тие 0:1 од Палермо кога Македонија ја победи Италија во бараѓот за СП во Катар.

Претходно“Corriere dello Sport” со големо интервју со тренерот на Брера Струмица
СледноАдеми е нервозен: Кинезите прават поблем, имаат дополнителни услови за неговото враќање во Динамо!