Официјално: Бобан Николов потпиша за Кишварда!

340

Она што го најавивме уште во утринските часови, попладне еве доаѓа и потврда. Бобан Николов и официјално е нов член на Кишварда, тим од елитната лига во Унгарија. Тоа значи дека по паузаод неколку години нашиот репрезентативец се враќа во Унгарија, ако се знае дека во периодот од 2018 до 2021 играше за МОЛ Фехервар.

Откако беше промовиран од страна на својот нов тим, Николов покрај другото истакна:

“Возбуден сум што се враќа во лигата каде што играв и порано. Би сакал да можам да играм на исто ниво и во Кишвардар како што играв во МОЛ Фехервар. Ќе дадам се од себе да му помогнам на мојот нов тим да дојдедо што подобри резултати“ посочи Николов, кој при промомоцијата позираше со агентите заслужни за трансферот Роберт Бутерих и Мичо Смиљаниќ.

ПретходноФинска среде Астана го “реши“ Казахстан! (ВИДЕО)
СледноОдбојкарите пристигнаа во Бари за историското осминафинале на ЕП 2023 (ФОТО)