Репрезентацијата на Црна Гора одигра само 2:2 на гостувањето кај Литванија, иако до 94. минута имаше водство од 2:1. Црногорските фудбалери успеаја да направет пресврт од 0:1 до 2:1 против Литванија во Каунас, но не и да победат. Литванците израмнија во судиското надополнување за голема радост на домашните фанови.
Головите за Литванија ги постигнаа Паулаускас и Черних, додека за Црна Гора прецизни беа Крстовиќ и Савиќ.
Во следното коло Црна Гора ќе игра против Бугарија на 10 септември во Подгорица.
Standings provided by Sofascore