Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели изјави дека во 2019 година имал богата понуда, подобра од оние што сега ги нудат од Саудиска Арабија меѓутоа ја одбил. Таа понуда била од Кина, меѓутоа Италијанецот решил да остане на европско тло и тогаш да игра за Марсеј.
„Одбив понуда од Кина која беше многу повисока од оние од арапските земји. Одлучив да играм вистински фудбал и да останам во Европа, во Олимпик Марсеј. Не разбирам како некој што оди да игра фудбал во Саудиска Арабија кажува дека не е таму поради парите?“, изјави Балотели.
„Фудбалското ниво во Турција е повисоко од Серија А“, изјави меѓу другото Марио.
Проблематичниот напаѓач имаше разочарувачки настапи во некои клубови во својата кариера. Играше во Интер, во Манечестер Сити, па неговата кариера почна да оди по надолна линија. Играше за Милан, Ливерпул, Марсеј, Бреша, Монца, Адана, сега е во Сион.
Mario Balotelli: “Bugün Türkiye’de futbolun seviyesi, Serie A’nın neredeyse üzerinde.”#mariobalotelli #balotelli #seria #süperlig #futbol #football #türkiye #turkey pic.twitter.com/oG3NcqMwEw
— İşler Spor Medyası (@islerspormedya) September 7, 2023
Mario Balotelli : “J’ai refusé une offre de Chine qui était bien plus élevée que les chiffres en Arabie Saoudite. J’ai préféré jouer au vrai foot en allant à l’OM. Comment peut-on dire que quelqu’un qui va en Arabie Saoudite n’est pas là pour l’argent ?”
[ Controcalcio ] #TeamOM pic.twitter.com/o2xsXFm2oy
— Infos OM (@InfosOM_) September 8, 2023