Пикси по поразот од Унгарија: Не е крај на светот!

296

По поразот од Унгарија со 2:1 среде Белград, разочарувањето кај српската фудбалска јавност повторно е големо. Српскиот селектор Драган Стојковиќ по поразот изјави дека мечот бил „одличен и отворен“ и нне е крај на светот што загубија дома.

„Видовме отворена и одлична игра. Поведовме уште од првата сериозна акција. Можевме да го постигнеме и вториот гол. Примивме два гола во краток интервал, а тоа беше малку шокантно за нас. Дадовме се од себе да го свртиме резултатот во вториот дел. Покажавме карактер. Момците дадоа се од себе, но голот недостасуваше. Немавме ни среќа. Не е крај на светот, ќе повлечеме линија на крајот од квалификациите. Мора да победиме на следниот натпревар во Литванија, тоа е најважно“, изјави Стојковиќ.

Србија во моментов е на второто место во групата со седум бода, три помалку од првопласираната Унгарија.

ПретходноМеси со 65-ти гол од слободен удар и донесе нова победа на Аргентина (ВИДЕО)
СледноМарк Маркез си заминува од Хонда