Фудбалскиот шампион на Македонија, Струга Трим Лум се пофали со ново засилување во своите редови. Се работи за напаѓачот Басиру Компаоре, репрезентативец на Буркина Фасо кој последно играл во Талавера во шпанските пониски дивизии.
Исто така играл за шпански Рајо Махадахонда, Клуб Африкан од Тунис, Кенифра од Мароко и во Сонабел од Буркина Фасо.
За Буркина Фасо има три настапи. Инаку може да игра како напаѓач, крилен напаѓач и офанзивен играч за врска.