Убедлив старт на Алкалоид: Македонскиот вицепрвак го демолира Скопје

187

Очекувано сценарио во „Автокоманда“. Алкалоид ја оправда фаворитската улога против Скопје на стартот на новата сезона. Македонскиот вицепрвак без проблем дојде до убедлива победа, славеше со 40-21.

Избраниците на Кирил Лазаров оваа средба ја решија уште во првото полувреме по кое имаа водство од 23-11. Алкалоид отвори со 5-1, гостите се вратија на минус два (6-4 и 7-5), но потоа повторно го загубија чекорот. Ова беше доволна причина за да ракометарите на домашниот тим поведат со 20-9, па 22-10.

По одморот беше само чиста рутина, Алкалоид без проблем го приведе мечот во својата корист.

Бинго со шест гола беше прв стрелец, по пет запишаа Младеновиќ, Серафимов, Кофиловски, Петковски и Савревски. На другата страна Киселовски имаше шест гола.

Претходно“Фуријата“ ја декласира Грузија со “седумка“, Јамал со 16 години и 57 дена е најмладиот стрелец во историјата на Шпанија!(ВИДЕО)
СледноБраво момци Македонци: „Бисер балкански“ среде Јончепинг! (ВИДЕО)