Најновиот извештај на ФИФА кажува нешто неверојатно. Имено во летниот преоден рок, од јуни до септември, за трансфери ширум светот се потрошени дури 5,9 милијарди фунти. Оваа сума е рекордна и ја надмина таа од 2019 година, непосредно поред корона – кризата.
Секако дека Англија со 1,6 милијарди фунти е на врвот на оваа листа. Следува С. Арабија со 700 милиони фунти, иако некои сметаат дека оваа бројка надмина и една милијарда.
По С.Арабија следуваа Франција (689 милиони), Германија (611 милони),Италија (570 милиони), Шпанија (320 милиони).