Ќе има ли нов случај Гринвуд во Манчестер Ј.? Уште две жени го обвинија Ентони за насилство

273

Проблемите на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Eнтони се зголемуваат. Откако Бразилецот беше обвинет од неговата поранешна девојка Габриела Кавалин за семејно насилство, сега повеќе жени објавија дека биле предмет на агресија од страна на 23-годишниот крилен напаѓач.

Две други девојки во Бразил се огласија со обвинувања против Eнтони дека биле малтретирани од него. Студентката по право Раиса де Фреитас тврди дека и требалo болничко лекување по инцидентот во мај минатата година кога била нападната од фудбалерот на Mанчестер Јунајтед и Малу Охана (поранешна сопруга на бразилскиот играч Дуду) во автомобилот на Ентони, откако тројцата напуштиле ноќен клуб во Сао Пауло.

Покрај неа, 33-годишната банкарка Ингрид Лана за бразилска телевизија тврдела дека Ентони бил агресивен кон неа во октомври. Овие нови обвинувања против играчот ќе направат уште поголем притисок врз Манчестер Јунајтед да преземе мерки против него, откако тој беше суспендиран од репрезентацијата на Бразил во понеделникот вечерта по првите обвинувања. Досега, „црвените ѓаволи“ издадоа стриктно официјално соопштение во кое велат дека „ги препознаваат наводите против Ентони“ и „ја сфаќаат сериозно оваа работа“.

ПретходноМарк Маркез си заминува од Хонда
СледноСелекторот на Италија за Македонија: Ако стигнале до осминафинале значи дека имаат квалитет