Не Горазд Михаилов, не Роберт Просинечки, туку Младен Жижовиќ (42), како што дознава “СпортСпорт“ е новиот тренер на Шкупи по заминувањето Чихат Арслан.
Жижовиќ е од БиХ, а досега како тренер работел во екипите на Радник Бјелина, Зрински, Слобода Тузла, а до пред некој ден бил и стратег на Ал Колод од С. Арабија. Се очекува во текот на утрешниот ден, или за ден -два, Шкупи да го претстави својот нов шеф на стручниот штаб.