Репрезентацијата на Македонија до 21 години со победа ги стартуваше квалификациите за пласман на Европското првенство. Македонската селекција вечерва славеше победа од 1:0 над Шведска на стадионот во Јонкопинг.
Единствениот гол го постигна Иван Николов уште во 7. минута од мечот по една грешка на шведската одбрана.
Швеѓаните беа доминантни во поседот, имаа речиси двојно повеќе шутеви на гол меѓутоа не успеаја да спасат барем бод. Нашите фудбалери добро ги одбиваа нивните напади, Aлчевски беше одличен на голот и така се изборија за вредни три бода во 1.коло од квалификациите.
Следниот меч на Македонија е против Холандија на 12 септември во Скопје.
ФОТО: Svenskifotboll.se
Goal! | Ivan Nikolov | 🇸🇪 Sweden U21 0-1 North Macedonia U21 🇲🇰pic.twitter.com/7ZVInCprZK
— FootColic ⚽️ (@FootColic) September 8, 2023