Киеза се повреди и не се знае дали ќе игра против Македонија

116

Поради болки во мускулот Федерико Киеза е под знак прашалник за утрешниот меч против Македонија, јавуваат медиумите во Италија.

„Азурите“ се веќе во Скопје, и нема да имаат тренинг на Арената, туку само ќе го разгледаат објектот.

Токму затоа и не може до пред почетокот на дуелот утре од 20:45 да се знае дали воопшто Киеза ќе биде во комбинација.

Освен Киеза, и Пелегрини на последните тренинзи работеше одвоено.

 

ПретходноШведска – Македонија У21 стартен состав: Почнуваме со најдобрите единаесет
СледноПочина македонската скијачка легенда Иван Лесевски