Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Виена. Македонската тенисерка беше поразена и тоа во голема борба, од Ирина Бара од Романија со 0:2 во сетови.
Ѓорческа првиот сет го загуби во табрејкот со 7:4, додека во вториот сет Бара успеа да слави со 6:4 во гемови, па така со 2:0 во сетови успеа да се најде во полуфиналето.