Меси со 65-ти гол од слободен удар и донесе нова победа на Аргентина (ВИДЕО)

380

Репрезентацијата на Аргентина нема пораз 22 натпревари по ред во квалификациите за Светското првенство. Ова е рекордна бројка во историјата на репрезентацијата.

Утрово Аргентина го совлада Еквадор со 1:0 во 1. коло од квалификациите за Светското првенство 2026 година, а единствениот гол го постигна Лео Меси од слободен удар. Ова е 65-ти директен гол од слободен удар кој во кариерата го постигнал напаѓачот на Интер Мајами , израмнувајќи го бројот на голови на Дејвид Бекам.

Напаѓачот на Ал Наср и Португалија, Кристијано Роналдо има 60 вакви голови.

На двата други натпревари, Парагвај и Перу одиграа без голови, додека Колумбија освои три бода против Венецуела победувајќи со 1:0.

ПретходноСабаленка не дозволи американско финале на УС Опен
СледноПикси по поразот од Унгарија: Не е крај на светот!