Репрезентацијата на Македонија на ден пред квалификацискиот дуел против Италија, кој се игра на Арената Тодор Проески во Скопје утревечер од 20:45 часот ја одржа официјалната прес конференција.
На истата секако селекторот Благоја Милевски како и Елиф Елмас, човекот кој и тоа како добро знае што значи да се игра против сериозно квалитениот, полн со звезди тим на Италија, како и Ениф Барди како наш нов капитен по заминувањето на Стефан Ристовски.
Кога играте со противникот како Италија, не можеш да имаш резултатски притисок. Сепак, желбата за победа секогаш е присутна тоа нема дилеми дека постои. Двата меча што се минато, Украина и Англија се зад нас не треба да се навраќаме на тоа. Италија на пристигнува со нов селектор, исклучително квалитетен стратег кој што ете сами знаете што успеа да направи со последниот клуб.
Ситуацијата со Адеми сеуште не е решена, се надевам дека ќе се реши како што посакува тој. Го очекуваме во секој момент да се приклучи и да биде во конкуренција утре.
Што се однесува до Трајковски и Велковски мора да кажам дека Велковски почувствува болки во ногата и е неизвесен. Трајковски е и тоа како подготвен, и е 100% посветен на репрезентацијата. И обајцата добро ги познавам и знам што им значи репрезентацијата.
Периодот кој измина и тоа како беше дискутабилен за нас со оглед на минутажата на репрезентативците. Тоа секако е најголемиот проблем со кој што се соочуваме. Сега е нешто сосема друго. Играчите доаѓаат од пројдени подготовки со екипите, и тоа ми дава за право да сметам дека физички и тоа како ќе одговориме и ќе бидеме на потребното ниво.
Мора да бидеме дисциплинирани, тактички одговорни. Да се ставиме сите во функција на тимот, само така ќе успееме да направиме нешто. Откако сум јас селектор, тоа во огромен дел од случајите ни успеало. Тимскиот дух, тимската игра ни донела успех. Тоа се истите момци, истите играчи, тие можат да го повторат тоа. Во ниту еден момент мечот против Италија во Палермо не е земен како подготовка за овој меч. Тоа беше бараж дуел, со друг противник играчки, но друг селектор. Ова е сосема нов меч, со нова енергија, нов момент, нов момент. Енергија и мотив не ни недоставува – изјави селекторот Милевски на официјалниот прес.
Елмас: Наше е да одиграме и да дозволиме Италија да победи или да ја победиме ние
Следуваше изјавата на Елиф Елмас кој нормално мотивиран против дел од своите соиграчи од Наполи смета дека нашито национален тим само како тим може да се справи со големиот противник. Запрашан што Спалети како нов селектор на Италија смета дека ќе промени Елмас одговори.
„Искрено очекувам да промени многу. ГО познавам доста добро Спалети. Очекувам високо да излезат, игра со многу посед. Игра во која Италија ќе доминира. Ќе видиме дали тоа ќе им успее. Секако дека има разговори на темата со моите соиграчи од Наполи. Сепак, професионалци сме и нема сентименталности. Секако дека ќе излеземе на терен да одработиме она што ќе каже селекторот. Италија ќе излезе на терен за да победи, наше е да дозволиме или да не го дозволиме тоа. – изјави Елмас.
Барди: Чест е да се биде капитен на Македонија
Конечно, новиот капитен на Македонија, Енис Барди изјави дека е горд на дадената капитенска лента и дека очекува многу од овој дуел пред се затоа што фаворитите се инспирација сами по себе, но и мотивацијата да се одигра против ваков противник е голема.
„Ова за мене е многу емотивен момент. Да бидам капитен на Македонија не големо значење. Овде се многу лидери и капитени кои иако не ја носат капитенската лента, сепак, сите се носители на репрезентацијата. Она што го оставиле како свој печат Горан Пандев или Стефан Ристовски екс капитените мора да се продолжи и од мене и од останатите. Вртиме еден нов лист што се вели. Посакуваме позитивен резултат, секако дека нема да биде лесно но веруваме во себе“ – изјави нашиот нов капитен, Ениф Барди.