Нејмар ги „пецна“ Французите: Саудиската лига е подобра

247

Бразилскиот напаѓач Нејмар го напушти ПСЖ и потпиша за Ал Хилал од Саудиска Арабија. Оваа година Саудиската Про Лига се препороди, огромен број на фудбалери од Европа се преселија таму меѓу кои Роналдо, Бензема, Милинковиќ Савиќ, Мане, Канте, Фабињо, Хендерсон, Кулибали, Лапорт…

Фудбалот во Саудиска Арабија е ист. Топката е тркалезна, имаме стативи и пречка. Но ако ги погледнеме имињата на фудбалери во Саудиската про лига, нема да ме изненади ако е подобра од Лига 1. Морам да бидам мирен во главата, среќен, знам како да се грижам за себе и за својата физичка состојба. Веќе 15 години го живеам овој начин на живот. Нема тајни. Таму имаме силни тренинзи. Има силна желба за победа. Јас сакам трофеи со Ал Хилал“, рече Нејмар.

ПретходноБогдан Богдановиќ открива: Јокиќ после секој меч ни праќа пораки!
СледноПортугалија преку Словачка за пет од пет, Хрватска со “петка“ ја мина Летонија, Турција во финишот се спаси од пораз! (ВИДЕО)