Николов: Наша „Лавовска“ победа, Македонија заслужува да се радува на вакви триумфи

516

Македонската репрезентација до 21 година предмалку успеаа на гостински терен да триумфираат против Шведска со 0:1. Херојскиот подвиг на нашите млади фудбалери беше олицетворен во деведесет минути херојска, фајтерска, беспоштедна борба.

Единствениот гол за нас го постигна Иван Николов, уште во првите минути од мечот. А по тоа….. издржан притисок, шанси на противникот, опасни ситуации.

„Уфф…. каков меч. Фајтерски, со срце. Така се игра за Македонија. Знаевме колку ќе биде тешко. Домаќинот одличен, но ние подобри, хахах…. Верувавме во себе уште од првиот момент. Одигравме на резултат, на победа. Голот? На право место во право време… Ма не е битно кој постигнал гол, важно е дека Македонија победи. да се радуваме на овој голем ден за нашата држава и на оваа наша победа, која е посветена на сите Македонци каде и да се. И на овие тука во Шведска кои дојдоа да не поддржат. Им благодарам од се срце….“ – ни изјави Иван Николов.

 

FOTO aftonbladet.se

ПретходноБраво момци Македонци: „Бисер балкански“ среде Јончепинг! (ВИДЕО)
СледноШведска е освоена, одиме на Холандија (ФОТО)